fbpx

Сириските бунтовници во офанзива во Алепо

-

Организациите на сириските бунтовници утринава повеле офанзива од големи размери за да ја пробијат блокадата на сириската влада на источниот дел на Алепо, град на северот на Сирија, кој сега претставува клучна точка на шестгодишните судири.

Коалицијата Исламски фронт на социјалната мрежа „Твитер“ наведе дека ултраконзервативната бунтовничка група Ахрар ел сам со ракета го гаѓала воениот аеродром на истокот на градот.

Опозиционата сириска Опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека бунтовниците детонирале два автомобили-бомби на позиции на сириската влада во југозападниот дел на Алепо и испукале повеќе од 150 ракети.

Претставник на бунтовниците рече дека „сите револуционерни фракции, без исклучок, учествуваат во борбите“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...