Сириските бунтовници почнале да се повлекуваат од Хомс, откако со владата склучија договор за прекин на огнот, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на група која ги надгледувала преговорите на двете страни.

Првиот автобус го напушти градскиот кварт Ваер, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Договорот на власта и на бунтовниците значи дека владата ја вратила контролата над овој сириски град.

Бунтовничките сили заминуваат во северните делови на покраината Идлиб, која остана под нивна контрола.

Хомс е третиот град по големина во Сирија и важеше за престолнина на револуцијата, во која се одржаа првите протести против претседателот Башар ал Асад.