fbpx

Сириската војска зазела уште еден кварт во источниот дел на Алепо

-

Сириската војска зазела уште еден кварт во источниот дел на Алепо, во рамките на големата офанзива за преземање целосна контрола над градот од бунтовничките сили, соопштила денеска сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, јавуваат светските агенции.

Силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад го зазела квартот Тарик ал Баб и сега контролира 60 отсто од источниот дел на Алепо, кој во 2012 година беше освоен од опозициските сили.

Сириската војска ја презела контролата и на патот кој ги поврзува западните делови од Алепо, кои се под контрола на владата и меѓународниот аеродром во градот, кој исто така е под контрола на властите во Дамаск.

Според информациите на опсерваторијата за човекови права од 15 ноември, кога сириската војска почна со офанзивата на Алепо, досега во источниот дел на градот загинале 307 цивили, меѓу кои и 42 деца и 21 жена.

Во војната во Сирија, која трае веќе петта година, загинаа повеќе од 300.000 луѓе, а неколку милиони се раселени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...