fbpx

Сириската војска контролира 90 отсто од источниот дел на Алепо

-

Сириската војска утрово зазела уште еден голем кварт во Алепо и сега контролира 90 отсто од источниот дел на овој град, кој од почетокот на војната беше во рацете на бунтовничките сили, соопштила сириската опсерваторија за човекови права, јавуваат светските агенции.

Силите на сирискиот претседател Башар ал Асад го зазеле квартот Шеик Саид, во кој вчера се воделе жестоки борби.

За неколку часа околу 10.000 цивили вчера побегнале од бунтовничката зона на Алепо. Опсерваторијата соопштила дека 120.000 цивили го напуштиле источниот дел на градот од почетокот на офанзивата на сириските сили, во втората половина на минатиот месец.

Бунтовниците во 2012 година го зазедоа источниот дел на Алепо, кој пред војната во Сирија беше еден од најголемите градови и економски центар на земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...