Босанскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Raskrinkavanje.ba“ разоткри еден тренд на некои сајтови, кои лажат во насловите за да привлечат читаност, притоа користејќи го името на српската пејачка Марија Шерифовиќ.

Станува збор за наслови за некаков „син“ на Шерифовиќ, иако е познато дека таа нема син.

Целата приказна почнува уште во 29 јули 2017 на порталот на медиумската компанија „Пинк“, а потоа во ист манир и во 2019 година често бил пренесуван од некои сајтови од Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.

Текстот на „Пинк“ бил со наслов „ОВА Е СИНОТ НА МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ: Кога така му се обратила, сите ЗАНЕМЕЛЕ (ФОТО). Иако насловот го наведува читателот дека пејачката му се обратила на својот син, во тектстот се дознава дека станува збор за нејзиното куче.

„Марија Шерифовиќ, која беше тажна кога и почина кучето Роби, решила да купи нов англиски булдог, кого го нарече Хак… ‘Сине! Сине! Каде одиме? Сине! Ало, момче! Каде ќе одиме’, вели Марија во снимката. Многумина своите домашни миленици ги чуваат како деца, но ретко некој отишол толку далеку да ги нарече така во јавност. Марија ја објави снимката на Инстаграм“, вели текстот.

„Raskrinkavanje.ba“ објаснува дека до почетокот на месецот тој текст со истиот наслов, што покрај кликбејт, истовремено е и дезинформација, бил објавен од вкупно 11 други сајтови.