Синодот на МПЦ-ОА се заблагодари на Вселенскиот патријарх, соопшти дека се водат разговори со СПЦ

-

Светиот архијерејски синод (САС), на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), денешната вонредна седница се заблагодари на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за воспоставувањето евхаристиско единство и соопшти дека продолжуваат разговорите со Српската Православна Црква (СПЦ) во врска со решавањето на црковниот спор.

Истовремено, Синодот одлучи да се канонизираат двајцата македонски преродбеници: Јоаким Крчовски и Кирил Пејчинович.

Посебен акцент во соопштението од Синодот се става на фактот дека „прифаќањето е со еклисиолошкото име со што се обезбедува вековниот црковен континуитет“. Се напоменува и дека се разговара со СПЦ за разрешница на спорот меѓу двете цркви.

„САС на МПЦ – ОА изразува најсрдечна благодарност на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј за Патријаршискиот и Синодален акт за канонско и евхаристиско единство на нашата ерархија, при што, прифаќањето е со еклисиолошкото име со што се обезбедува вековниот црковен континуитет.
Истовремено ја известуваме јавноста дека продолжуваат разговорите со Српската Православна Црква до уредувањето на конечниот статус на нашата Црква, како и по препорака на Цариградската Патријаршија, која во рамките на светоканонскиот чин и црковно предание треба да се уредат управните прашања помеѓу двете Цркви“, се вели во соопштението.

Канонизирањето на Јоаким Крчвски ќе се изврши во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ на 22 мај, недела, се вели во известувањето од МПЦ. Претходниот ден, сабота, 21 мај, со почеток во 18 часот првин ќе се одржи вечерна богослужба и парастос за некогашниот игумен на манастирот, а в недела, со почеток во 7.30 часот најпрво ќе се одржи воскресна утрена богослужба, а потоа од 9 часот ќе се одржи Света божествена литургија, на која Јоким Крчовски ќе се вброи во Диптихот на светите, односно од тој момент Црквата ќе го споменува како Свети Јоаким Крчовски.

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде разрешен релативно...

Најновиот пач во World of Warcraft имплементира Need For Speed моменти

Најновиот пач за World of Warcraft The War Within, од новата втора сезона доаѓа со PvP и Mythic+ Dungeons, како и нов Raid - но најбитната каратеристика на овој додаток е...

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за крај на војната во Украина, соопштија американски претставници по средбата

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за ставање крај на војната во Украина, соопшти американскиот Стејт департмент, по разговорите на високо ниво во Саудиска Арабија со претставници на Русија. Како...

Студентите го демантираат демантот на Националната опера и балет

Националната опера и балет (НОБ) со официјален демант се обидува да ги неутрализира негативните ефекти од веста дека студентите биле спречени да користат попусти при купување билети за тамошните претстави, иако...

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде...