Компаниите „Максис“ и „ЕА“ одлучија пријатно да ги изненадат сите љубители на компјутерската игра „сим“ и да ја понудат бесплатно.
„Сим сити“ повеќе не е на добар глас поради постојаното рестартирање на франшизата од 2013 година. Освен што играта беше преполна со грешки и со проблеми, потребна беше и постојана интернет-конекција. Така, доколку немавте пристап до интернет, играта не можеше да се игра иако за неа сте платиле 60 американски долари.
„Максис“ и „ЕА“ подоцна се обидоа да ги поправат работите, но предоцна.
Сепак, од неодамна, една од најпопуларните игри во франшизата „Сим сити 2000“ целосно е бесплатна. Сè што ви е потребно е профил на сервисот „Ориџин“ и забавата може да почне.