Потребно ни е повеќе кантијанизам, а помалку макијавелизам. Би сакала да порачам дека мотото ‘Посилна Европа, посилен НАТО’ значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилна Европа е онаа што живее во мир и демократија, заснована на принципи и вредности. Тоа е мојата порака“, изјави порача претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова пред почетокот на Самитот на НАТО што се одржува во Анкара.
Во пресрет на Самитот Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот организиран од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Таа изјави дека во духот на сојузништвото и меѓусебната почит, со шефовите на држави и влади размениле мислења за натамошното обликување на евроатлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство.
„Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста“, рече Сиљановска Давкова.
Дел од македонската делегација на Самитот на НАТО во Анкара се и министрите за одбрана и за надворешни работи и надворешна трговија Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
