Сиљановска Давкова: Од суштинско значење е обезбедувањето пари за остварување на климатските цели

Во фокусот на разговорите меѓу претставниците на земјите учеснички на Конференцијата ќе биде обезбедувањето финансии неопходни да им се помогне на земјите во развој, за да се прилагодат на климатските промени

-

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Баку во Азербејџан присуствуваше на официјалното отворање на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени.

На отворањето на самитот кој се одржува под мотото „Со солидарност за зелен свет“, се обратија Мухтар Бабаев, министерот за екологија и природни ресурси на Азербејџан, како претседател на КОП29, Сајмон Стил, извршниот секретар на Рамковната конвенција на Обединетите Нации за климатски промени, како и претседателoт на КОП28, министерот за индустрии и високи технологии на ОАЕ, Султан Ахмед Ал Џабер.

„Во фокусот на разговорите меѓу претставниците на земјите учеснички на Конференцијата ќе биде обезбедувањето финансии неопходни да им се помогне на земјите во развој со цел да се прилагодат на климатските промени и да ги спроведат мерките потребни за постигнување на климатските цели. Утре, претседателката Сиљановска Давкова ќе има обраќање на првата пленарна сесија на сегментот на високо ниво за шефови на држави и влади“, соопштуваат од претседстелскиот кабинет.

 

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...