Сиљановска-Давкова на конференција кај Макрон: Македонија дел од глобалната заложба за заштита на океаните

Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Третата конференција на ОН за океанот во Франција, заедно со светски лидери како Емануел Макрон, Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта. Темата на конференцијата е повик за „мир со природата“ како основа за одржлива иднина на човештвото

-

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, учествува на глобалниот собир организиран од претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, по повод Третата конференција на Обединетите нации за океанот.

„Чест ми е што сум меѓу гостите на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, кој е домаќин на глобален настан што треба да создаде основа за превенирање на далекусежни последици по иднината на светот“, напиша Сиљановска-Давкова во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Во рамки на конференцијата, како што посочи Сиљановска – Давкова, имала можност да разговара со бројни светски лидери, меѓу кои и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. Главна тема на разговорите била потребата од воспоставување „мир со природата“ како клучен предуслов за благосостојба на човештвото.

Претседателката упати благодарност до францускиот претседател Макрон за, како што оцени, одличниот прием на учесниците на конференцијата.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...