Два последователни земјостреса со јачина од 4,8 и 4,9 степени според Европската макросеизмичка скала попладнево по 18.30 часот го потресоа југозапападниот дел на Македонија.
Првиот потрес е регистриран во 18.33 часот, а вториот неколку минути подоцна. Според информациите епицентарот на земјотресот е во Вранешница, Кичевско, на 85 километри југозападно од Скопје.
Земјотресите се почуствувани во Кичево, Битола, Скопје, Охрид и во соседна Албанија.
Потресот предизвика вознемиреност кај граѓаните, но сè уште нема официјални информации за евентуални штети.