fbpx

Сијарто: Груевски законски мина три граници, наши дипломати не го криумчареа

-

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски мораше да мине три граници за да стигне во Унгарија и во сите три случаи го стори тоа во целосна согласност со регулативите, порача унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто на прес конференција денеска во Будимпешта.

Тој рече и дека неговото министерство никако не е поврзано со случајот, имајќи предвид дека телото што го доделило азилот на Груевски не е под контрола на Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија.

– Поранешниот македонски премиер ги покажал своите документи во трите случаи и тие биле соодветно прегледани од властите – рече Сијарто, негирајќи дека  унгарски дипломати се вмешани во каков било „план за криумчарење или бегство“.

– Тие првпат го виделе Груевски во унгарската амбасада во Тирана и тогаш првпат слушнале за неговото барање азил – рече шефот на унгарската дипломатија, велејќи дека не е запознат со некаков таен договор во врска со случајот.

– Дијалогот во врска со ова прашање со Македонија постојано трае – рече Сијарто, напоменувајќи дека е во контакт со својот македонски колега, а исто така и министерот за внатрешни работи Пинтер Шандор е во контакт со македонскиот министер за внатрешни работи.

Сијарто напомена дека и претходно поранешни членови на влади барале и добивале азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...