„СиДи Прожект РЕД“ ја обновува првата Вичер игра, Хенри Кавел повеќе нема да глуми во серијата

Фото: GOG.com

„СиДи Прожект РЕД“ подготвува обновена верзија на играта Вичер 1. Во основа првата игра ќе биде преработена, но и подобрена од повеќе аспекти и тоа со најпопуларниот софтвер за игри „Анриал Енџин 5“ (Unreal Engine 5). Моментално трае прославата за 15 годишнината од првата Вичер игра и сите Вичер игри се на драстичен попуст до 80 отсто.

На пример, ако ја купите играта на GOG што е оригиналната полска платформа повеќе ги поддржувате производителите и авторите на играта, но за жал на GOG сè уште нема поставено ачивменти за трите Witcher игри, додека на Steam исто се набавуваат игрите со таа разлика што добивате функционални ачивменти.

Но, на Steam ако ја избришете играта од сопсвениот компјутер, целиот напредок во играта можете да го изгубите при преинсталација на Windows. Додека оваа фукнционалност на GOG функционираат беспрекорно иако се ограничени на помалку слотови, стојат засекогаш без разлика дали играта ќе биде избришана. Така што тоа е причина повеќе да ги поддржите GOG наместо Steam и Valve. 

Цените за Вичер игрите се драстично намалени – The Witcher: Enhanced Edition е на 85 отсто попуст и чини само долар и половина, The Witcher 2: The Assassin of Kings Enhanced Edition е на 85 отсто попуст и чини три долари (2,99) додека Witcher 3: The Wild Hunt Game of the Year Edition чини само 10 долари и тоа ги содржи и двете експанзии и сите додатоци за играта. Станува збор за комплетна верзија сосе експанзиите Blood and Wine и Hearts of Stone кои се со инзвонредни и уникатни додатни приказни, со разгранувачки избори и повеќе краеви. 

Единствен проблем при оваа промоција на GOG е што иако е официјално најавено дека Witcher 1: Enhanced Edition е бесплатна додека трае промоцијата, повеќето луѓе што се обиделе да ја симнат тоа не можат да го направат беспари.

Во други поврзани вести што се однесува до Серијата Вичер на Нетфликс, Хенри Кавел најави во интервју дека нема повеќе да го глуми главниот лик Гералт од Ривија и улогата ќе премине на друг помалку познат актер.

Ова можеби се должи и на неодмнешната најава дека Хенри Кавел веќе прифатил повторно да го глуми ликот на Супермен во најново издание.

Повеќе за иднината на Вичер игрите можете да прочитате и во наш неодамнешен напис, каде се објавени сите главни планови за оваа сага кои ги обелоденија CD PROJEKT RED, полска компанија финансирана и од полското Министерство за култура.