Си-Ен-Ен за Милановиќ: Победи политичарот што го споредуваат со Трамп

АП пишува дека Милановиќ (58) е најпопуларниот политичар во Хрватска, а поради неговиот борбен стил на комуникација со политичките противници, понекогаш го споредуваат со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп

-

Асошиетед прес (АП) и Си-Ен-Ен јавија за победата на Зоран Милановиќ на претседателските избори во Хрватска, кој ќе продолжи да владее во следните пет години, а кој, како што објавуваат, е опозициски критичар на Европската унија и на НАТО, пренесува Н1. Тој освоил повеќе од 74 отсто од гласовите и 1.122.859 гласови во споредба со противкандидатот на ХДЗ, Драган Приморац, кој добил 25 отсто од гласовите.

АП пишува дека резултатот е голем поттик за Милановиќ, кој е критичар на западната воена поддршка за Украина во војната против Русија, пренесува Индекс.

„Милановиќ е и жесток противник на хрватскиот конзервативен премиер Андреј Пленковиќ и неговата влада“, додаваат тие.

Во својот говор по објавувањето на резултатите, Милановиќ кажал дека неговата победа е знак на одобрување и доверба на гласачите, но и порака „за состојбата на земјата за оние кои треба да ја слушнат“. Барам од нив (владата) да слуша. Тоа сакаа да го кажат граѓаните. Ова не е само поддршка за мене“, рече Милановиќ.

„Го споредуваат со Трамп“

АП пишува дека Милановиќ (58) е најпопуларниот политичар во Хрватска, а поради неговиот борбен стил на комуникација со политичките противници понекогаш го споредуваат со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

АП објави дека изборите се одржале додека Хрватска, која има 3,8 милиони жители, се бори со висока инфлација, корупциски скандали и недостиг на работна сила. По гласањето, Милановиќ повторно ја критикуваше ЕУ дека е „недемократска во многу аспекти“ и дека ја водат неизбрани функционери.

„Ставот на ЕУ дека „ако не мислите како мене, тогаш сте непријател“ е еднакво на „психолошко насилство“, рече Милановиќ.

„Тоа не е модерна Европа во која сакам да живеам и работам. Ќе работам да го сменам тоа, колку што можам како претседател на една мала нација“, додаде тој.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...