Шефот на унгарската дипломарија Петер Сијарто изјави дека е лага дека унгарските дипломати биле инволвирани во бегството или во егзилот на Никиола Груевски во Унгарија. Тој не одговара директно дали дипломати го придружувале Груевски и дали тој границата ја минал со автомобил, пишува унгарскиот портал „444.hu“.

– Ниеден унгарски дипломат не беше инволвиран на било кој начин во ничие бегство. Поранешниот премир на Македонија дојде во Унгарија од Албанија во совршено регуларни околности и сто отсто во согласност со меѓународните закони и почитување на правниот истем на земјите низ чии граници минал – рече Сијарто.

Според него, не е битно што се случувало пред Груевски да дојде во Албанија.

– Првиот контакт со него беше кога тој побара унгарски азил во Тирана. Така што, не е битно дали тој границата ја минал пеш, на трицикл, со коњска кола или со трактор. Единствено битно е дали тоа се случило на правилен начин – вели Сијарто.

Според него, прашањето за екстрадиција на Груевски е “правно“, а не надоворешно-политичко прашање.