fbpx

Швајцарците слават за порастот на франкот, а Балканците во паника

-

Швајцарскиот франк денеска достигна пораст на вредноста од 30 отсто откако централната банка на Швајцарија одлучи да го напушти фиксирањето на вредноста на валтата во однос на еврото.

Швајцарската национална банка (ШНБ) вели дека веќе не е оправдана мерката за фиксирање на франкот, воведена во септември 2011 година. ШНБ исто така ја намали основната каматна стапка од -0,25 отсто на -0,75 отсто, со што се зголемува сумата која штедачите треба да ја платат доколку сакаат да имаат депозити во Швајцарија.

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, вели дека е изненадена од ваквиот потег и оти гувернерот на ШНБ не ја известил и изрази надеж дека ваквиот чекор бил разгледан со останатите гувернери од централната банка.

По акцијата на ШНБ, еврото кое се купуваше за 1,20 франци, падна на 0,8052 франци, но потоа закрепна и достигна вредност од 1,04 франци.

Швајцарските менувачници вчера беа преполни од граѓани кои се обидуваа да купат евра за да се обидат да профитираат од евентуалното идно нормализирање на курсот. Најголема полза од порастот на франкот имаа луѓето кои живеат во пограничните региони на Швајцарија, каде во еден ден нивните приходи пораснаа за 30 отсто.

Сепак, зголемување на вредноста на франкот претставува шок за балканските граѓани кои имаат кредити врзани со швајцарскиот франк. Околу 10.000 Босанци, 22.000 Срби, 60.000 Грци и 100.000 Хрвати имаат кредити врзани со швајцарскиот франк. Зголемувањето на вредноста на франкот значи и пораст на месечната рата на кредитот. Истото се случи и во 2009 година кога поради зголемувањето на вредноста на франкот, граѓаните неколку години се мачеа да ги исплатат кредитите врзани со швајцарската валута.

Српското здружение на банкарски клиенти „Ефектива“ денеска побара надлежните органи на Србија веднаш да извршат фиксирање на курсот на франкот на вчерашниот ден. Организацијата, исто така, бара да се дозволи конверзија на кредитите во еврокредити, но по стариот курс на франкот.

Швајцарскиот франк, во согласност со курсната листа на НБРМ, денеска се продава по средна вредност од 59,83 денари за еден франк, што е за 8,6 денари повеќе во споредба со вчера.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...