Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Со буџет од 56,1 милиони франци, новата програма се темели на минатите искуства и се фокусира на три приоритетни области - демократско управување, одржлив економски развој, вода и животна средина

-

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната средина во земјата, информираат денеска оттаму.

„Швајцарија е сигурен партнер уште од прогласувањето на независноста на земјата, и до сега има инвестирани повеќе од 370 милиони швајцарски франци за поддршка на реформите насочени кон одржлив развој и европската интеграција. Овие инвестиции се повеќе од само финансиска поддршка, тие опфаќаат и споделување на швајцарското знаење, заедничка посветеност и градење вредности на различност, плурализам и еднаквост“, пишува во соопштението од Амбасадата на Швајцарија.

Оттаму потсетуваат дека уште од 1992 година, Швајцарија придонесува за подобрување на капацитетите на демократските институции, посебно на Собранието, општинските совети, Државната изборна комисија и граѓанските организации.

„Швајцарија значително го подобри пристапот до чиста вода за пиење и енергетски ефикасни услуги за пречистување на отпадните води, истовремено зголемувајќи ја отпорноста кон климатските промени и заштитувајќи ја животната средина. Со индикативен буџет од 56,1 милиони швајцарски франци, новата програма се темели на минатите искуства и се фокусира на три приоритетни области – демократско управување, одржлив економски развој, вода и животна средина. Новата Програма за соработка продолжува да промовира инклузија и различност во сите активности. Ќе се работи повеќе со младите луѓе и жените за да им се овозможи активна улога во обликувањето на иднината на земјата“, се вели во соопштението.

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Лишен од слобода возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 км/час, дупло од дозволеното

На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар - Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок,...

Путин ги предупреди своите функционери да не дозволат рецесија

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди своите функционери да се осигурат дека нивните напори за средување на економијата доведена до прегревање поради воените трошоци нема да претерат и да ја доведат...

Македонија набави турски хаубици БОРАН – прва испорака на ваков вид во Европа

Северна Македонија стана првата европска земја што ги добила турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм, соопшти турското Министерство за одбрана, а пренесе militarnyi.com. „Честитки до сите што придонесоа за...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката...