fbpx

Шулц: Неоправдан е европскиот страв од Ципрас

-

Првиот човек на Европскиот парламент, Мартин Шулц, од Атина испрати порака и изрази надеж дека Грција ќе успее да остане во ЕУ и на нејзиниот европски пат.

Шулц, кој е прв европски функционер во посета на Грција по изборите, имаше двочасовна средба со премиерот Алексис Ципрас, на која се разговарало за економските прашања, но и за прашања од меѓународната политика – за Русија и за конфликтот во Украина.

Шулц излезе со позитивен впечаток од средбата, коментирајќи дека имале долг, отворен и искрен разговор со Ципрас и дека се согласиле за голем број прашања. Претседателот на Европарламентот рече дека од разговорот со Ципрас дошол до заклучок дека не е основан европскиот страв од новата грчка влада.

– Во отворени разговори во Европа постои страв дека владата на Ципрас ќе си оди по сопствен пат. Тоа не е точно. Владата на Ципрас ќе даде предлози и сака да има разговори за овие предлози, да се дојде до заеднички прифатливо партнерско решение. Ова е задоволителна порака, порака која нè прави среќни. Сигурно ќе има некои несогласувања по пат, како што имавме и денеска, но тоа што е важно е дека Грција бара заедничко решение со партнерите – изјави Шулц по средбата.

Премиерот Ципрас покажа отвореност и позитивен став кон ЕУ во изјавите. Посетата на Шулц ја оцени како показател дека првата вредност на ЕУ е прифаќање на народното владеење, коментирајќи дека оваа средба помага за создавање нова врска и доверба меѓу постмеморандумската Грција и институциите на ЕУ.

Ципрас истакна дека го уверил Шулц дека имаат сериозен план за реформи во државата и во јавниот сектор, кои ќе се справат со главните внатрешни проблеми кои довеле до кризата: клиентелизмот, корупцијата и даночното избегнување. Најави дека имаат и стратегија како повторно да се врати економскиот развој во државата без притоа да се прават нови долгови и нови дупки во буџетот.

– Четири години го гледавме неуспехот на економската програма. Граѓаните четири години плаќаа за неодговорноста на другите, за несоодветната врска која постоеше меѓу економската олигархија, која не сакаше да ги плати даноците, и стариот политички систем кој ја штитеше. Го уверив Шулц дека  новата влада е решена да стави крај на оваа врска – истакна Ципрас.

Тој рече и дека оваа средба помага за создавање нова врска и доверба меѓу постмеморандумската Грција и институциите на ЕУ.

– Европа ќе ја надмине кризата и ќе биде посилна од кога било – изјави Ципрас.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Од четврток ќе сообраќаат автобуските линии „100“ и „200“ за полесен пристап до Саемот на книгата

Од четврток, во редовниот линиски превоз на ЈСП Скопје ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“ со кои ќе се овозможи полесен пристап на посетителите до Меѓународниот саем на...