Штрајкот ги подели битолските наставници

-

Најавениот штрајк на СОНК ги подели вработените во битолското образование. Едни штрајкуваат, други држат настава.

Во дел од основните и од средните училишта во градот наставата почна, во други – децата останаа сами во училниците, а во неколку училишта штрајкуваа само синдикалците на СОНК.

– Утрово, кога отидовме на работа, од една страна нè пречека директорката, а од друга синдикалецот. Едната страна ни вели „ако не одите на настава, кажете, да носам замена“, а синдикалецот ни вели „ако не штрајкувате, да се откажете од СОНК“. На крај, решивме сите да одиме на настава – вели наставник во едно од основните училишта во Битола, кој сакаше да остане анонимен.

Од регионалната канцеларија на СОНК во Битола потврдуваат дека во дел од училиштата целосно се штрајкува, а во дел делумно.

– Утрово почна штрајкот во речиси сите училишта во Битола и во Битолско, освен во ОУ „Трифин Пановски“, „Стив Наумов“ и ОУ „Крсте П. Мисирков“ во Бистрица, а имаме и ситуации кога на нашите синдикалци не им се приклучи ниту еден од нашите членови – вели Фанче Јошевска, претседателка на СОНК во Битола.

Таа напоменува дека она што ги охрабрува како синдикалци е што во текот на денот се зголемува бројот на просветни работници кои одлучуваат да се приклучат на штрајкот и покрај притисоците од нивните претпоставени.

– Позитивно е за нас што голем дел од колегите решија да ни се приклучат во текот на денот. Иако имаше стравувања поради притисоци, тие да се повлекуваат. Но, сепак, имаме охрабрувачка ситуација. Така, штрајкот продолжува и утре, а ние очекуваме бројот на колеги да биде сè поголем и кај оние училишта каде денеска наставата се одвиваше во целост – рече Јошевска.

А.Б.

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К. (21) од...

Ограничувања во сообраќајот во Скопје поради спортскиот настан „Прв до врв“

Министерството за внатрешни работи информира дека поради одржувањето на традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“ денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на дел од улиците во Скопје. Настанот, организиран од Здружението...

„Нема трагедија, има злосторство“, порачаа роднините на жртвите во Кочани

„Нема трагедија, има злосторство“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, „Затворени очи, отворени гробови“, со вакви транспаренти и со слики од младите жртви во Кочани денеска нивни роднини...

Светиниколец пукал со пушка во деца што собирале цреши од неговиот двор

69 годишен жител на Свети Николе бил лишен од слобода откако пукал во деца кои береле цреши во неговиот двор, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14 часот во Свети...

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К....