Нетфликс го купи студиото Ворнер Брос за 83 милиони долари, и со тоа го превзема и HBO и станува уште поголем стриминг сервис гигант за серии и филмови (како што известува сајтот The Verge). Но што значи сето ова и каков импакт ќе има на гејминг индустријата?
Иако при превземањето воопшто не беше експонирано начната темата за видеоигрите, се очекува тоа да се случи на годинешните The Game Awards кои ќе се случат на 11 декември. Нетфликс од Ворнер Брос ги добиваат и авторските права за игрите за Хари Потер, Game of Thrones и DC игрите со суперхерои од кои најпознат е Супермен. DC Comics се ривалот на Marvel Comics.
Нетфликс сега ги има правата на следниве франшизи:
Серијалот на тепачките игри со суперхерои од DC познат како „Injustice“ што нуди и алтернативни приказна за „Лигата на Правдата“ во стриповите. Посебните Бетмен видеоигри вклучувајќи ги сите игри од „Arkham“ серијалот што имаше одлични борби со повеќе непријатели. Игрите „Shadow of War“ и „Shadow of Mordor“ произлезени од Толкин универзумот имаа сличен комбат против повеќе противници одеднаш како во Бетмен, но во свет на меч и магија и нивниот оригинален „Немесис Систем“ каде се борите присвојуваќи сојузници орки. Како и Game of Thrones видеоигрите, автоматски Нетфликс ги добива и сите IP-ја за овие игри.
Вeќе е најавена нова Лего Бетмен игра.
Има индикации дека се подготвува и нова Бетмен игра за повозрасните играчи како што имаат најавено девелоперите Rocksteady дека ќе се работи на Single Player Batman игра, но и спомнаа дека ќе треба неколку години тоа да се сработи и ќе треба да се почека.
Во развој е и нова Single Player игра во Хари Потер фантазискиот универзум – што би требало да биде продолжение на Hogwarts Legacy со втор дел. Најавено е дека играта ќе биде врзана со HBO серијата на истата тема.
Гејмерите шпекулираат дека веројатно ќе излезе и трет дел од Injustice игрите. Можностите се многубројни, но држење монопол во било која сфера од еден гигант на глобален пазар како што е случајот моментално со Нетфликс никогаш не води на добар исход. Затоа што цените за користење на овој стриминг сервис и пропратни услуги несомнено ќе пораснат.
