fbpx

Што значи преодна влада и каде ја има?

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при вчерашниот настап во „Универзална сала“, побара оставка од владата на Груевски и формирање преодна влада која би создала услови за демократки избори.

Што е, всушност, преодна влада? Иако во светот постојат повеќе дефиниции за тоа (транзициона, привремена, техничка), заедничко на сите нив е дека се преодни влади кои имаат мандат за строго определени цели.

Една упростена, но општо прифатена дефиниција за преодна влада е дека тоа е влада која привремено се поставува за да се подготви патот за постојана влада.

На пример, кога беше соборен Садам Хусеин во Ирак, САД  формираа преодна влада во земјата за да го надгледува пишувањето на новиот устав и за да се одржат избори за нова постојана влада за земјата.

Преодната влада, всушност, е итен случај кога се создава една политичка празнина.

Таа влада не добива мандат на избори, туку е назначена со согласност на главните политички сили во една земја. Можно е оваа влада да биде формирана и со посредство на меѓународната заедница.

Во нејзиниот состав има експерти, кои не се поврзани со партија и кои би имале една цел – да ги организираат следните избори.

Историјата на преодните влади влече корени од времето на револуциите во Европа, од средината на 19 век, а биле нарекувани и либерални влади, формирани за да се подготви државата за избори.

Една од најпознатите преодни влади е руската привремена влада по Октомвриската револуцијата во 1917 година

Вакви влади се познати и во светот, иако поретко тоа се случува во Европа. Последен пример на преодни или технократски влади во Европа беа оние во Италија и во Грција, кои беа формирани за да ја пребродат економската криза.

Во светот познати преодни влади (кои, главно, се создаваат во подрачја со крвави верски и меѓуетнички судири), имаше во Сомалија во 2012 година, која беше и меѓународно призната, во Конго од 1998 до 2003 година и во Етиопија од 2012 година.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...