fbpx

Што школо ќе беше: За две недели 14 решенија за директор за „11 Октомври“!

-

Прославата на 60-годишнината од постоењето на општинското основно училиште „11 Октомври“ наместо со танц и со песни, како што беше предвидено, најверојатно ќе помине во тензија и во кавги. И покрај напорите на советот на родители да се стави крај на голготата низ која поминуваат повеќе од 600 ученици, 40 наставници и уште 30 вработени во другите служби на училиштето, се чини дека политичарите не можат да се оттргнат од политиканството што го практикуваат дури и во образовни институции.

За да се види целата општествена слика пресликана во ова училиште, доволен е само податокот дека од 12 септември до 26 септември 2014 година, Жерновски своерачно парафирал 14 решенија и четири одлуки за разрешување и за именување в.д. директор во ОУ „11 Октомври“.

Прво, било разрешено едно, а назначено друго лице за оваа функција. Потоа за истото решение бил задолжен училишниот одбор да распише оглас. Поради тоа, биле донесени нови решенија – едно за разрешување, едно за именување. Потоа, тие повторно биле прогласени за ништовни.

Училиштето, кое е поделено помеѓу општинската и државната власт, не функцинира како што треба од локалните избори во 2013 година. Поради опструкциите што си ги прават едни со други (СДСМ како општинска власт и ВМРО-ДПМНЕ како државна), децата и родителите повеќе се опседнати со директорувањето отколку со образованието. Да биде агонијата поголема, директорката на училиштето, Даниела Костадинова, е поставена од Министерството за образование, па решението таа да ја има оваа функција му боде очи на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Според законот, предлог за избор на директор на училиште до општината поднесува училишниот одбор преку двајца предложени кандидати. Градоначалникот, пак, од тие двајца поставува директор. Но, последниот избор за директор на ова училиште е приказна за себе.

Градоначалникот Жерновски, несакајќи да избере помеѓу двајцата предложени кандидати, не потпишал решение за ниту еден. По волја на законот, ако за 30 дена не се стави општински потпис, директор именува Министерството за образование, и тоа вршител на должност (в.д.). Таков е и последниот случај, иако, за волја на вистината, сите директори во ова училиште во последниве три години биле в.д.

За сето време, Министерството за образование не презема ништо за да помогне околу решавањето на проблемот и училиштето е оставено само да се грижи за своите потреби, со нула денари на сметка.

Во тој период, речиси 70 вработени немаат земено плата, а и не можат да отидат на лекар, бидејќи нивното здравствено осигурување е блокирано.

Оваа слика трае во училиштето веќе три години. Капак на сè е и последното случување со повеќе од 100 заболени ученици. Тоа беше повод повторно општинската и државната власт да стрелаат со отровни стрели една на друга.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...