Штипската полиција ќе поднесе пријави против шест лица, на возраст од 17 до 40 години, поради сомневање за сторени повеќе кражби и тешки кражби.
Според полициските информации, дел од осомничените се товарат дека краделе нафта од автобуси и од камиони, а неколкумина од нив се осомничени дека од стан и од куќа украле мобилни телефони, катализатор за автомобил и пари.
Еден од осомничените се товари дека скинал и одзел златно синџирче од вратот на жртвата, а расветлени биле и два случаи на кражба на возило.