fbpx

Штипјани со претставки за работата на извршителите

-

Претставките од затворениците за правото на медицинска нега, а од граѓаните реакциите на работењето на правосудството, доминирале изминатата 2014 година во работењето на канцеларијата на народниот правобранител во Штип. Потоа следуваат претставките на правото од работен однос, но на врвот се оние за работењето на извршителите. Вкупно 650 граѓани биле примени изминатата година, а се постапувало по 200 претставки.

– Во 55 случаи институциите и органите постапиле по претставките на Народниот правобранител и на тој начин граѓаните го остварија своето право – вели заменичката во канцеларијата во Штип, Елена Ѓорѓонова – Маневска.

Граѓаните биле незадоволни од донесени одлуки од судството и од јавното обвинителство, а реагирале и на одолжување на постапките во Управниот суд на Република Македонија. Во делокругот на работењето на штипскиот Основен и Апелациски суд, претставките се однесувале најчесто на некоректното работење на извршителите. Тие, пак, од своја страна, покажале добра соработка со канцеларијата на Народниот правобранител и реакциите ги решавале во меѓусебна комуникација со посредство на канцеларијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...