fbpx

Штипјани останаа без инсулин

-

Продолжува сагата со инсулинската терапија во Штип. Редицата пациенти, кои и денеска како и секој петок се појавија пред вратите на инсулинската амбуланта, останаа со празни раце. Пензионери, средовечни, мажи и жени на високата летна температура дојдоа по терапијата што им следува, но не добија објаснување зошто нема и како понатаму да го продолжат третманот со неопходната инсулинска терапија.

– Тука има луѓе од село, кои плачејќи си заминаа. На оваа жештина поминуваат километри за инсулин. Ајде, јас живеам на десет минути од амбулантата и можам секој ден да доаѓам, ама овие луѓе не можат – изјави еден од пацинетите.

Инсулинската криза со мали прекини, трае речиси два месеци. Во Штип има 1.350 пацинти кои зависат од инсулин. Тие реагираат дека пред извесно време им била сменета инсулинската терапија. Сега им преостанува само таблетарната терапија, која за некои пациенти е опасна игра со здравјето.

Штипјанката Енисе Демирова три години по ред двапати неделно користи инсулин. Поради недостигот, принудена е да употребува таблети.

– Кој ќе одговора ако ми се влоши здравјето? Сите тврдат дека инсулин има, а всушност нема – вели Демирова.

Лекарите најавуваат нова инсулинска пратка в понеделник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...