Синоќа во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З. (54), кој се сомничи дека околу 2 часот по полноќ во семејниот дом во Штип, со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84 годишна мајка, по што таа починала, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција. Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип под раководство на јавен обвинител од ОЈО Штип, при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка“, наведено е во соопштението од МВР.
