fbpx

Штајнмаер е новиот претседател на Германија

-

Поранешниот министер за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмаер денеска е избран за нов претседател на земјата, јавуваат светските агенции. Штајнмаер е 12-от по ред претседател на Германија од завршувањето на Втората светската војна.

Социјалдемократот Штајнмаер, кој до минатиот месец ја извршуваше должноста шеф на германската дипломатија добил 931 глас од вкупно 1.260 од сојузното собрание кое го избира претседателот на Германија.

Неговиот претходник Јоаким Гаук официјално ќе ја напушти функцијата претседател на 18 март.

Штајнмаер важеше за фаворит за нов германски претседател, а противкандидати на денешниот избор му беа Кристоф Бутервеге од левицата, Александер Холд (слободни избирачи) и Албрехт Гласер кандидат на Алтернатива за Германија.

Претседателот на Германија има ограничена власт, но се смета за силен морален авторитет.

Според германскиот устав, претседателот на земјата го избира сојузното собрание кое се состои од 630 избрани претставници од парламентот и уште 630 претставници кои се делегираат од 16 германски покраини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...