Слика од Хоакин Сорола, шпанскиот уметник познат по своето мајсторство со претставување светлината, е изложена за јавноста по прв пат откако исчезна по нејзиното продавање на приватен колекционер пред 134 години.
„Парискиот Булевар“, сликана од Сорола за време на неговата посета на француската престолнина помеѓу 1889 и 1890 година, прикажува живописен ресторан додека градот е пред зајдисонце. Нејзиниот автор – кој обично беше поврзуван со светли и провидни сцени од Медитеранот – се појавува во делото, пушејќи цигара додека седи на маса со еден војник.
Сликата е една од 77-те слики кои се дел од изложбата во галеријата на Кралските колекции во Мадрид под наслов „Сорола, Сто години модерност“.
Bon dia
Boulevard de París, 1890
Joaquín Sorolla pic.twitter.com/iB6t9Ogqe2— Anna Gener (@agenersurrell) November 27, 2024
„Ова дело го бесмртнисува еден од безбројните париски ресторани и протокот на луѓето во градот. Сорола го претставил делото на Националната изложба во 1890 година, каде што неговата уникатност веднаш го издвојува од шпанската уметност на тој период.“, се вели во соопштението на галеријата.
Таа иста година, сликата била продадена на приватно лице и исчезнала од видокругот повеќе од еден век.
„Сите експерти мислеа дека е исчезната, но подвигот на истражувањето донесе неочекувани резултати. Сликата сè уште била во рацете на семејството кое ја купило тогаш и тие ни дозволија да ја изложиме.“, изјави Ана де ла Куева, претседател на шпанската институција за национално наследство, Патримонио Национал, за телевизија Антена 3.
Бланка Пон-Сорола, која е и еден од кураторите на изложбата и правнука на уметникот, изјави: „Панорамската композиција на делото – која е многу фотографска и не се загрижува за фигурата што е исечена на секој крај – навистина го привлекува вниманието и му дава свежина која претставува предвкус на тоа што Сорола ќе продолжи да го прави уште повеќе со нагласување.
„Цртежот е многу точен, потезите на четката се воздржани и деталите имаат вистинска виртуозност која ја дефинира потценетата и прецизно оформената слика на неговите рани дела.“