fbpx

Шпанскиот Сенат ќе го ратификува протоколот за наше членство во НАТО

-

Шпанскиот Сенат попладнево со почеток во 13 часот треба да ја заврши постапката за ратификација на протоколот за членството на Македонија во НАТО, со што процедурата за влез на Македонија во НАТО ќе биде комплетирана.

Претходно Протоколот беше ратификуван долниот дом на шпанскиот парламент. По ратфикацијата во Сенатот документот треба да оди на потпис кај кралот Фелипе Шести, по што протоколот ќе биде испратен во депозитарот во американскиот Стејт департмент во Вашингтон.

На денешната сенатска седница, голем дел од сенаторите ќе гласаат електронски, бидејќи се изолирани поради мерките за сузбивање на епидемијата на новиот корона вирус COVID-19.

Ратификацијата од страна на Шпанија се пролонгираше поради долготрајната политичка криза во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...