Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, вечерва соопшти дека ја распушта владата на регионот Каталонија, откако регионалниот парламент прогласи „Каталонска Република“, односно независност од Шпанија, јавија светските медиуми.

Парламентот на Каталонија исто така е распуштен, според гласањето на Сенатот на Шпанија, кој изгласа овластувања за шпанската влада да преземе директна контрола врз сепаратистичкиот регион, односно ја укина автономијата и им ги одзеде овластувањата на сепаратистичките водачи на Каталонија.

Парламентот е распуштен, а новите избори ќе се одржат на 21 декември, рече премиерот на Шпанија.

Централната влада ќе го преземе управувањето со регионот поради, како што рече Рахој, „враќање во нормала“.