На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се занимава со промоција на источноазиски култури во Македонија.
Настанот кој е предвиден да трае до полноќ, вклучува богата програма наменета да задоволи различни полиња на интерес кај љубителите на јапонската традиционална и поп-култура, со фокус на аниме, односно „шонен“ жанрот.
Овој жанр е насочен главно кон млада публика и се одликува со теми за херојство, храброст, пријателство, борба за правда и личен развој, често вклучувајќи динамични акциони сцени и авантуристички приказни. Главните ликови обично се соочуваат со различни предизвици и растат преку поддршка од блиски пријатели и тимска работа.
Шонен анимето исто така често нуди морални и мотивациски пораки, правејќи го популарен жанр не само меѓу младата публика, туку и ширум светот. Примери на познати шонен аниме вклучуваат „Naruto“, „Dragon Ball“, „One Piece“ и „My Hero Academia“.
Во рамките на настанот се предвидени бројни активности, како што се претставување на голем број боречки вештини од многу македонски клубов, панел-дискусија, турнири во „Yu-Gi-Oh!“, и играње на неколку видеоигри од Шоунен жанрот.
Публиката ќе има можност да присуствува на две панел-дискусии. Првата е „Патот на херојот: Како шонен аниме хероите влијаат врз обликувањето на младата популација“. Говорници ќе бидат Христијан Павловски – дипломиран филозоф и писател, Ана Тодоровска – лиценциран психолог, Златко Ѓелески – филмски критичар.
Втората панелдискусија е „Како анимето стана глобален културен феномен. Говорници на втората панел-дискусија се Соња Блажевска – член на Пагода,е Марио Спасевски – новинар, водител, Ристе Манасиев – 2д аниматор.
Модератор на двете трибини: Марио Спасевски.
Во Лабораториум ќе биде поставено гејминг катчето каде учесниците ќе имаат можност да тестираат и играат Плејстејшн и Нинтендо Свич игри со аниме/шонен тематика. Паралелно ќе се одвива и турнир во играта со карти „Yu-Gi-Oh!“. Пријава за учество на турнирот.
Водителите на македонскиот поткаст за гик супкултура, „Дебели Гикови“, покрај водењето на трибините, ќе пренесат во живо дел од најзабавните моменти од настанот и ќе приредат изненадувања и активности.
За време на целиот настан, во предниот дел на Лабораториум, посетителите ќе имаат можност да уживаат во тематски базар каде покрај аниме облека, манга, фигурини, ќе можат да вкусат и јапонска храна.
Покрај тоа, целодневната програма исто така вклучува и постојана изложба на избрани уметнички дела изработени од љубители на анимето, особено шонен жанрот. Повикот за уметници е сè уште отворен.
Посетителите се поканети да присуствуваат и во костими инспириран од нивните омилени ликови од филмови, аниме или видео игри и да се фотографираат со тематски реквизити и позадини.
Во текот на целиот ден, присутните ќе имаат можност да уживаат во музички избор на Anime OST-еа припремен од Beats of Asia, додека пак настанот ќе биде затворен со диџеј сет на DJ SNUZIII кој ќе приреди експлозивна атмосфера со енергични миксови на аниме траки со електронски битови.”