„Шорткат“ во Јегуновце: Депонија со шестовалентен хром опасна за луѓето и животната средина

Во новата епизода на емисијата „Шорткат“ што ќе се емитува вечерва во 19 часот ја пренесуваме сликата од уште една жешка еколошка точка во земјава – индустриската депонија во тетовското село Јегуновце, каде е складиран канцерогениот шестовалентен хром, но и други отпадни суровини од работењето на фабриката „Југохром“.

Погледнете ги новостите и за расфрланиот арсен во Лојане и Табановце, како и за натпросечните температури кои и минатата година беа забележани речиси низ целата држава. Известуваме и за првиот протестен марш на самохраните мајки и еднородителските семејства што се одржа во неделата, за пеликаните што ловат риба во Дојранското езеро, како и за новото видео што ја прикажува површината на планетата Венера.