Шорткат: Репортажа од првиот ранч со програма за хипотерапија

Главна тема во најновата епизода на „Шорткат“ е ранчот „Контрисајд“, кој е прв во земјава што работи со програма за хипотерапија за лицата со посебни потреби. Од ранчот во општина Ранковце направивме репортажа, која што ќе можете да ја погледнете вечерва со почеток од 19 часот.

Во „Шорткат“ информираме и за тоа како помина првиот академски час на факултетите низ земјава, но и за недостатокот од локални младински совети во сите општини. Во денешната емисија ќе можете да се запознаете подетално и со предлогот на Сојузот на средношколците за законско уредување на средношколската демократија.

Во 55-тата епизода ја третираме и темата на малолетничките бракови во земјава, како и објавените листи со примени студенти во државните студентски домови од страна на Министерството за образование и наука.

Во новата епизода на „Шорткат“, која ќе се емитува вечерва во 19 часот на нашите канали на социјалните мрежи, ќе може погледнете и една интересна вест за тоа што откри хеликоптерот „Досетливост“ на НАСА на Марс.