fbpx

„Шолц“, идниот концесионер на Дрисла, од 2016 година е дел од кинеска групација

-

Фирмата „Шолц“, која најверојатно ќе биде новиот концесионер на депонијата Дрисла, од декември 2016 години е дел од „Чихо енвајорментал груп“ (Chiho Environmental Group), водечкиот кинески рециклир и увозник на мешани метални отпадоци и најголемиот купувач на стари електрични мотори од Европа.

На веб-страницата на „Шолц“ пишува дека, откако е основана во 1995 година Chiho Environmental Group (ЦЕГ), е една од најголемите компании за рециклирање на метали во Кина.

„Како меѓународно активна група, ЦЕГ има за цел да стане еден од најважните глобални добавувачи на суровини, како во Азиско-пацифичкиот регион, така и во Европа и САД. ЦЕГ се фокусира на заштитата на животната средина и природните ресурси, пишува на веб-страницата.

„Шолц“ при бодувањето на понудите на тендерот од 2011 година ги победила австриската „АСА“ и досегашниот концесионер италијанската „ФЦЛ Амбиенте“. „Шолц“ со години водеше судски процеси поради нерегуларности во тендерската постапка.

„В среда ќе биде закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје на која единствена точка на дневен ред ќе биде избор на нов концесионер на депонијата. Одлуката ќе биде конечна откако Советот ќе ја изгласа и тогаш ќе бидат соопштени условите под кои идниот концесионер ќе ја управува депонијата“, велат од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...