Шолц потврди дека гласањето доверба на владата во Бундестагот ќе се одржи на 16 декември

Шолц кажува и дека ќе му треба поддршка од опозициската ЦДУ за да ги спроведе преостанатите владини реформи пред да се распушти парламентот

-

Германскиот социјалдемократски канцелар Олаф Шолц (66) денес потврди дека ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември, а Бундестагот потоа ќе гласа на 16 декември, отворајќи го патот за вонредни избори што ќе се одржат на 23 февруари следната година.

„Дозволете ни, за доброто на земјата, да работиме заедно до новите избори“, апелираше тој до пратениците во Бундестагот.

Како што пишува Гардијан, Шолц кажува и дека ќе му треба поддршка од опозициската ЦДУ за да ги спроведе преостанатите владини реформи пред да се распушти парламентот.

Тој нагласува дека ако овие прашања – вклучително и даночните реформи предложени од неговиот поранешен министер за финансии и зголемувањето на плаќањата за детска поддршка – не бидат усвоени, ЦДУ ќе биде виновна.

По неговото обраќање, зборуваа и лидерот и кандидат на ЦДУ/ЦСУ за иден канцелар Фридрих Мерц, шефицата на дипломатијата Аналена Бербок, лидерот на ФДП Кристијан Линднер, кандидатот на АфД за канцелар Алис Вајдел. На седницата ќе се обрати и лидерот на Христијанско-социјалната унија и премиер на Баварија Маркус Зедер.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...