fbpx

Шојбле: И нашите капацитети за мигрантите се ограничени

-

Германија треба да му испрати порака на светот дека го достигнува лимитот на капацитетите за пружање помош на мигрантите што доаѓаат во Европа, изјави германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле.

Германија очекува дека годинава во земјата ќе дојдат од 800.000 до еден милион бегалци и мигранти, што е двојно повеќе од минатата година.

Приливот на мигранти создаде притисок на локалната заедница и создаде јаз меѓу партиите на владејачката коалиција.

Поделбите повторно се појавија откако министерот за внатрешни работи, Томас де Мезијер, изјави дека во иднина, сириските бегалци ќе добијат изменет сатус и нема да имаат право на спојување на семејствата.

Шојбле го поддржал предлогот, кој, како што наведува владата, детално се разгледува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...