fbpx

Шлепер со македонски ознаки се превртел кај Врање

-

Камион шлепер со македонски регистерски ознаки утрово се превртел на магистралниот пат Врање – Владичин Хан, пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на информации од полициската управа во Врање.

Оттаму информираат дека во сообраќајната несреќа нема повредени и дека била причинета мала материјална штета.

Први на помош на возачот на превртениот шлепер му пришле работниците на грчката фирма „Терна“, чиј камп со градежни машини се наоѓа во близина.

Поради несреќата, сообраќајот на оваа делница бил во прекин петнаесетина минути.

Како што пренесуваат српските медиуми, местото на несреќата е доста ризично за возачите бидејќи станува збор за остра кривина под надвозник, која настанала поради изместувањето на предходниот магистрален пат и изградбата на Коридорот 10.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...