Шкриејљ: Семејното насилство што не се пријавува е поголемо од евидентираното

-

На денешната онлајн прес-конференција, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ изјави дека не е забележано зголемување на бројот на случаи со семејно насилство, но дека бројот сам по себе не значи дека нема зголемување.

„Она со кое се соочуваме кога станува збор за семејно насилство и во редовни услови, а посебно во ваква состојба, е што бројката на случаи со семејно насилство што не се пријавува е секогаш многу поголема од таа која што се пријавува. За очекување е да претпоставиме дека во вакви периоди сите оние што се соочуваат со насилство не се сигурни дали институциите ќе постапат и токму затоа постојано ги повикуваме и ги охрабруваме да пријават и да знаат дека институциите и службите функционираат и ќе направат се што треба за да ги заштитат“ – изјави Шкријељ.

Заменик министерката уште еднаш ги охрабри сите кои што се соочуваат со било каква форма на семејно или насилство од својот партнер да пријават на 192, СОС линиите, во центрите за социјална работа или најблиската полициска станица.

Потенцијалните жртви можат да се обратат за помош во центрите за социјална работа и воспоставените сервиси и на бесплатните телефонски СОС линии 070/075/077 141 700.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина врати 103 воини од руско заробеништво

Украина успеа да врати уште 103 воини од руско заробеништво, пренесе агенцијата Украинформ. Претседателот Володимир Зеленски денеска напиша на Телеграм дека во Украина се вратиле 82 војници и 21...