fbpx

Шкотските националисти ќе пресудат на изборите во Британија

-

Двете водечки британски партии тврдат дека се борат за апсолутно мнозинство во парламентот и се надеваат дека во последен момент тоа и ќе им успее. Сепак, анкетите, два дена до парламентарните избори, покажуваат дека парламентот ќе биде поделен, а лабуристите или конзервативците ќе мора да состават владата коалицирајќи со една или со повеќе помали партии.

Се очекува в четврток само две третини од Британците со право на глас да излезат на изборите, со кои ќе се одреди економската насока на развојот на земјата. Изборниот резултат би можел да има сериозни последици за социјалната држава, не само за односот со ЕУ, туку и за идниот интегритет на земјата.

Според анкетите, конзервативците би биле најсилна партија во парламентот, со 285 од 650 претставници, односно дваесетина помалку отколку што имаат сега. Лабуристите, според анкетите, би освоиле 275 места, што е за дваесетина мандати повеќе отколку што освоија на изборите пред пет години.

Анкетите покажуваат дека шкотските националисти, со 40 застапници, би биле третата најсилна група во парламентот, па така неофицијалната коалиција на лабуристите и на Шкотската национална партија (ШНП) би имала парламентарно мнозинство.

Иако Шкотска на неодамнешниот референдум избра да остане во Обединетото Кралство, граѓаните изразуваат незадоволство од сите „англиски“ партии и се очекува ШНП да добие најмалку 40, а можеби и сите 59 шкотски пратенички места. Со тоа ШНП би им ги поматила пресметките на лабуристите кои традиционално се победници во Шкотска. Тоа ќе отвори пат за нивно учество во малцинската влада на лабуристите и можност да побараат поголема самостојност.

Мнозинство се сметаат 323 мандата, иако тоа е помалку од половина од вкупно 650 претставнички места, затоа што петте северноирски членови на Шин Фејн одбиваат да седат во парламентот.

На телевизиската дебата одржана на 30 април, лабуристичкиот лидер Ед Милибанд соопшти дека нема да состави лабуристичка влада, ако тоа значи договарање и коалицирање на ШНП. Имајќи ја предвид оваа изјава, веројатно Милибанд ќе се обиде да состави малцинска влада со поддршка од ШНП.

Малку веројатно е дека конзервативците со либералните демократи, кои се во голем пад и освојуваат најмногу 25 места, ќе имаат доволно претставници за да создадат двопартиска коалиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...