fbpx

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ се однесува насилнички кон судската администрација

-

Насилничкиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон судската администрација е исклучиво во одбрана на партизираното судство и на интересите на злосторничкото здружување во врвот на оваа партија, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, во денешната изјава за медиуми.

– Наместо да излезе во пресрет на оправданите барања на судската администрација, власта се обидува да ги казни вработените со намалување на платите за дури 60 отсто. Не може кон вработените во судот да се применува законот само кога се во прашање нивните обврски, а да не се применува кога се во прашање нивните права. Законот треба да се применува целосно, а не селективно. Зголемувањето на платите на 35 отсто се однесуваше само на судиите и на јавните обвинители, но не и на судската администрација. На овие луѓе не им беа зголемени платите иако нормата на сработени предмети им се зголеми за повеќе од 95 отсто – вели Шилегов.

Според Шилегов, поради ваквата селективност и насилничко однесување кон вработените во судството, судиите и јавните обвинители, целиот правосуден систем во Македонија е на најниско можно ниво.

– Само независно, непристрасно и ефикасно судство може да создаде амбиент на почитување на човековите права и еднаквост на сите граѓани пред Уставот, законите и пред институциите. СДСМ се обврзува по промените да ги зголеми платите на судската администрација, а ќе воведе и флексибилно работно време што ќе почнува од 7.30 часот. Судството во Македонија мора и ќе биде независна трета власт. Судството нема да зависи од партиите туку ќе го штити законот, правата на граѓаните и уставниот поредок – додава Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...