fbpx

Шилегов: Зошто Груевски се интересира за сопственост на офшор-фирми од Белизе и од Лугано?

-

Никола Груевски вчера се сокри зад соопштение во кое се правда дека имотот на негово име бил пријавен во анкетниот лист, истакна на денешната прес-конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

– Но, Груевски не кажа, а има должност да објасни на граѓаните, зошто од позиција на премиер, хистерично се интересира за сопственост на офшор-фирми од Белизе и од Лугано? Што го интересирало Груевски каков и колкав простор ќе добијат овие фирми, па за тоа секојдневно го напнува Јанакиески? Како може управители во овие фирми да бидат луѓе блиски до Никола Груевски: неговиот кум, кој сè уште се наоѓа на високи актуелни јавни позиции, или, на пример, бизнис-партнер на неговата фамилијата? Со кои и какви пари биле купени овие парцели? – праша Шилегов.

Според него, Груевски лажно го подведувал партиското членство во протест да ја крши Општина Центар, наводно за црква.

– Затоа неговиот братучедот Мијалков договарал нудење поткуп на советници, за да го добијат мнозинството во Советот. Идната Влада на СДСМ ќе направи законски измени, сите офшор-компании да бидат обврзани да ги соопштат вистинските сопственици. На сите офшор-компании ќе им биде даден рок за достава на целокупниот историјат на овие фирми. Ништо не го спречува Никола Груевски уште денеска да предложи ваков закон, со којшто која било офшор-фирма во Македонија што ќе купи педа земја во Македонија ќе мора да ги пријави своите сопственици – рече Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...