fbpx

Шилегов: Проблемот со комарците е поради лошото време, но интензивно реагиравме

-

Неповолното време го создаде проблемот со комарците, но интензивно реагиравме, порача скопскиот градоначалник Петре Шилегов, уверувајќи дека средството кое се користи при прскањето на комарците во главниот град не влијае на здравјето на луѓето.

– Препаратот кој го користевме годинава не влијае врз општото здравје на луѓето и малку или минимално влијае на остатокот од живиот свет. Исклучиво ги третира комарците и останатите инсекти кои се јавуваат како штетни инсекти во овој период – изјави Шилегов.

Тој вели дека годинава климатските услови, односно врнежливото лето, придонеле интензивно да се појават комарците.

– Годинава имавме климатски услови што придонесоа толку да се појават комарците. И на 1 јули температурата беше 18 степени и имаше врнежи. Имавме долг врнежлив период, врнежливо лето и наглото затоплување и сушење всушност претставува основа за интензивно зголемување, расплодување на комарците. Поради таквата масовна појава, иако претходно веќе двапати беа третирани комарците, дадовме интензитет со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните. Интензивното прскање во изминатите четири дена придонесе таа експанзија на комарците да прекине – рече Шилегов.

Тој рече дека се прскало кога тоа го дозволувале климатските услови, односно најмалку три дена без врнежи и потоа и следните два дена да бидат без врнежи за да не се измие средството кое се употребува.

– Ние не можеме да ги предвидуваме природните појави, ниту временските услови, но можеме соодветно да реагираме. Соодветната реакција на градот беше со интензивирање на прскањето против комарци – рече скопскиот градоначалник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...