fbpx

Шилегов: Претепан претседателот на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ

-

„Синоќа е претепан претседателот на општинската организација на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ. Околу полноќ кога Богдановиќ излегувал од својот автомобил, во зградата во која престојува, две лица со црни маски веднаш го нападнале со метални прачки и го претепале“, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Настанот се случил пред неколку очевидци и граѓани од околните згради. Од нападот Богдановиќ добил тешки телесни повреди и бил пренесен во ургентниот центар во Скопје. Случајно, на местото на настанот се нашол и полицаец, кој професионално реагирал и привел еден од напаѓачите. Бараме МВР веднаш да соопшти кој е приведениот напаѓач и кој е вториот насилник и по чија нарачка е сторен насилниот акт против Богдановиќ. Според нашите информации, станува збор за дел од лицата кои секојдневно се уфрлаат во протестите против власта за да провоцираат насилство. Целта на оваа група е да предизвика немири за да се обесхрабрат граѓаните гласно да го искажат својот став против Никола Груевски – изјави Шилегов.

Од СДСМ велат дека ниту на Никола Груевски, ниту на насилниците ова сценарио нема да им помине и дека револтот кај граѓаните сè повеќе се зголемува.

– Уште еднаш апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на провокациите на власта и на нејзините насилници. Решително, мирно и достоинствено да го искажат својот револт против власта – рече Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...