fbpx

Шилегов: Помина една недела, каде е Иванов да ги поништи аболициите?

-

Петре Шилегов, портпарол и пратеник на СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека поминало една недела од едностраната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и лошата глума за наводното решение на проблемот со аболицијата, а претседателот Ѓорге Иванов сè уште не ги повлекол помилувањата на политичари и нивни соработници.

– Божем го сменија законот за помилување за да му овозможат на Иванов да ги поништи аболициите. Да беа минимум искрени во нивната наводна желба за поништување на аболициите Иванов во првиот час ќе ги поништеше сите. Лицето Ѓорге Иванов можеше, но не поништил ниту една аболиција. Кабинетот на Иванов, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ треба да одговорат зошто до денеска ниту една аболиција не е поништена? Со ова, уште еднаш се потврди. Никола Груевски преку нарачаната аболиција кај Иванов го држи појасот за спасување од кривично гонење за него и неговите соработници – рече Шилегов.

Тој додаде дека едностраните одлуки на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се само обичен театар, немаат значење и не функционираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...