fbpx

Шилегов: Не бил само „мерцедесот“, имало и ВИП-кабини на жичницата на Водно

-

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска на својот фејсбук-профил објави фотографии од луксузни кабини од жичницата на Водно, набавени од претходната локална власт, кои, како што вели, не биле за општа употреба.

„Не бил само „мерцедесот“… ВИП-кабините на жичницата, кои не се за општа употреба“, напиша Шилегов на „Фејсбук“.

Инаку, жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст беше пуштена во употреба на почетокот на јуни 2011 година од тогашните градски власти.

Медиумите по повод пуштањето на жичницата и тогаш пишуваа дека на жичницата има 28 кабини за осум лица и две луксузни кабини за четири лица. Оваа информација стои и на официјалната интернет-страница на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, кое стопанисува со жичницата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...