fbpx

Шестмина уапсени за транспорт на дрога од Албанија кон Грција во вредност од околу 200.000 евра

-

На 12.10.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, РЦ Југ и Единицата за брзо распоредување во рамки на Одделот за специјални полициски операции, во полициска акција, беа лишени од слобода 6 лица и запленети 67,5 кг марихуана, вредна околу 200.000 евра, информираат од МВР.

„Имено, на 12.10.2021 во попладевните часови од страна на полициските службеници во непосредна близина на Граничен премин Богородица, при обид нелегално да пренесат две торби со марихуана во количина од 67,5 кг биле лишени од слобода Л.М.(44) и  А.М.(36), двајцата албански државјани. Во рамки на истрагата беа обезбедени докази за инволвираност на уште 4 лица, од кои уште двајца албански државјани и двајца државјани на Република Северна Македонија. Набрзо потоа, во близина на с.Стојаково лишен е од слобода Т.Х.(38) од Р.Албанија, а по извршен претрес во домот на В.Д.(41) од с.Стојаково, каде бил затекнат и Е.Б.(29) од  с.Попчево, струмичко, од слобода биле лишени и овие две лица. Шестиот член на  криминалната група А.К.(37), албански државјанин, кој беше во бегство, е лишен од слобода денеска, околу 13.30 часот, на подрачјето на Кичево,“ се вели во соопштението.

Од страна на МВР во текот на денешниот ден до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против шесте лица ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...