Шестмина ќе одговараат за пустошење на шумата на Пелистер

Тие од националниот парк бесправно исекле 85 стебла молика и 24 стебла ела во вкупна количина на дрвна маса од 168.63 кубни метри, со намена за нивна продажба како дрвна маса во име и за сметка на обвинетото правно лице ЈУ Национален парк Пелистер

-

Битолското јавно обвинителство поднесе Обвинителен предлог против пет лица и против јавната установа Национален парк „Пелистер“ – Битола за кривично дело Пустошење шума од член 226 од Кривичниот законик. Обвинение е поднесено и против одговорно лице, в.д. директор на НП „Пелистер“ кој се товари за кривично дело несовесно работење.

Според обвинителниот предлог, во периодот од крајот на септември 2023 година до 09.10.2023 година, во близина на место викано „Голема ливада“ во рамките на Националниот парк Пелистер, петмината, во име и за сметка на обвинетото правно лице кое стопанисува со НП Пелистер, спротивно на Законот за шумите, сечеле шума во националниот парк.

Врз основа на усна наредба на двајцата првообвинети, останатите тројца шумски работници, без претходно одобрение и извршен преглед на ознаката за сеча од овластен инспектор за шумарство од Државниот инспекторат за шумарство, од националниот парк бесправно исекле 85 стебла молика и 24 стебла ела во вкупна количина на дрвна маса од 168.63 кубни метри, со намена за нивна продажба како дрвна маса во име и за сметка на обвинетото правно лице ЈУ Национален парк Пелистер.

„Последниот обвинет, како в.д. директор на ЈУ Национален парк Пелистер Битола, од небрежност, со пропуштање на должен надзор очигледно несовесно постапувал при вршење на своите овластувања и должности и не ја обезбедил законитоста и соодветно управување во работењето на Националниот парк Пелистер. Тој бесправно исечените дрвја и друга дрвна маса за која нема доказ дека е сечена согласно Закон ги продавал во име и за сметка на ЈУ Национален парк Пелистер Битола како техничка дрвна маса на три правни лица, со што обвинетиот прибавил имотна корист на ЈУ Национален парк Пелистер Битола во износ од 1.752.287 денари“, соопшти Јавното обвинителство.

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор и Македонското...

Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во...

Израелски воздушни напади врз Сирија, Израел негира дека тенковите одат кон Дамаск

Израелски воени авиони наводно извршиле стотици воздушни напади низ Сирија, вклучително и врз главниот град Дамаск. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека документирала повеќе од 310...

Најнови гејминг вести : Излегоа Path of Exile 2 и Marvel Rivals, во Tekken 8 се враќа познат карактер

Изминатата недела пристигнаа двете популарни и долгоочекувани игри „Path of Exile 2“ и „Marvel Rivals“, a во Tekken 8 се враќа познатиот карактер „Ана Вилијамс“. https://www.youtube.com/watch?v=AOVg2aLjIiU Path of Exile 2 по долго време...

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор...