fbpx

Шестмесечно бебе заболено од морбили почина како резултат од компликации

-

Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека бебето не било вакцинирано и починало како резултат на компликација на белите дробови.

– Прво било лекувано во болницата во Козле, а после префрлено на Инфективната клиника каде докторите, за жал, не можеле да се справат со компликациите. Искрено се надевам дека трендот на  вакцинација ќе продолжи заради тоа што е единственото нешто што треба и мора да се направи со цел да се подигне колективниот имунитет кој значително е намален после падот на опфатот со вакцинација во 2014 година и за жал сега се соочуваме со овие последици – рече Филипче кој заедно со премиерот Зоран Заев денеска ја посетија Клиниката за неврологија.

Тој додаде дека уште две деца се во критична, но стабилна здравствена состојба. Појасни дека тие имаат сериозно воспаление на белите дробови, но засега виталните параметри им се стабилни и не се во живото-загрозувачка состојба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...