Најмладите жртви во катастрофата што се случи во дискотеката „Пулс“ во неделата рано утрото во Кочани, имале 16 години и 17, а најстарата жртва имала 48 години, објавија денеска од Јавното онвинителство. Оттаму објавија официјален список со возраст и број на починати лица кој е доставен до нив од Судска медицина.
„Извештаите од извршените обдукции се изготвуваат и ќе бидат доставени до Обвинителството“, информираат во Обвинителството.
Ги пренесуваме податоците што ги достави Обвинителството до јавноста:
16 години – тројца загинати
17 години – тројца загинати
18 години – четворица загинати
19 години – еден загинат
20 години – двајца загинати
21 година – шестмина загинати
23 години – двајца загинати
24 години – седуммина загинати
25 години – тројца загинати
26 години – седуммина загинати
27 години – двајца загинати
29 години – еден загинат
30 години – тројца загинати
31 година – двајца загинати
32 години – еден загинат
33 години – еден загинат
36 години – четворица загинати
38 години – двајца загинати
43 години – еден загинат
44 години – двајца загинати
47 години – еден загинат
48 години – еден загинат
Во текот на денешниот ден во неколку градови во Македонија се одржуваат погребите на загинатите лица, кои настрадаа во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“.