fbpx

Шест цивили убиени во Украина од руските воени дејствија и ново бомбардирање на Кијив

-

Како последица на руските воени дејствија, во Украина вчера загинале најмалку шест цивили, а 11 лица биле повредени, информираат од Канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Укринформ. Тројца цивили се убиени во Донецкиот регион, а по еден граѓанин загинал во регионите Харкив и Запорижја. Над 1.000 тела на мртви лица биле есхумирани на териториите кои неодамна украинската војска ги ослободи од руските сили.

Во текот на изминатава ноќ, имало нови ракетни напади врз регионите Кијив и Запорижја. Украинските власти не ја соопштија локацијата која била погодена од руските ракети во околината на Кијив, но тие потврдија за појава на пожар и оштетувања од ракетирањето. Во Запорижја имало гранатирање врз инфраструктурен објект коешто предизвикало пожар во текот на изминатата ноќ, но нема информации за загинати и повредени лица, пишува Гардијан.

Во градот Краматорск во Донецкиот регион е ракетиран индустриски објект којшто предизвикал големи оштетувања на фабриката, но нема загинати и повредени лица, пренесува Укринформ. Со камиказе-дронови биле нападнати и градовите Миколаив и Одеса на југот на Украина, при што од украинската противвоздушна одбрана биле уништени 19 од над 20-те лансирани дронови од иранско производство.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оцени како луда тактиката на руските сили на источниот фронт. Тој ги обвини руските команданти за обидот да го заземат градот Бахмут во Донецкиот регион. Градот којшто пред војната имаше 70.000 жители е центар на руските напади со месеци наназад, пренесува Би-би-си.

„Ден по ден, со месеци тие доведуваат луѓе по нивната смрт таму, концентрирајќи највисоко ниво на артилериски напади“, изјави претседателот Зеленски во своето синоќешно обраќање.

Од Кабинетот на украинскиот претседател посочуваат дека руските сили постојано започнуваат напади врз Бахмут и се придвижуваат кон градот во попладневните часови, а навечер се истиснати од украинските сили на првичните позиции. Овој украински град нема големо воено значење, но е лоциран на главниот пат кој води кон градовите Краматорск и Словјанск.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...